види вака ви претставува:
ПРАВОСУДСТВО, РАЗЈАСНЕТО!
ЗА ВАС НА ЕДНО МЕСТО ГИ СОБРАВМЕ ИСТРАЖУВАЊАТА ПОВРЗАНИ СО ЛАВИРИНТИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО КАКО И РЕСУРСИТЕ КОИ ЌЕ ПОМОГНАТ ЗА ПОЕФИКАСНО НАОЃАЊЕ НА КЛУЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРОЦЕСИ ВО СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Со овој серијал посветен на правосудниот систем во Македонија, Види Вака преку аудио визуелно раскажување се труди да ви ги приближи проблемите и решенијата кои постојат во ситуација кога се бара правда. Со давање на глас на безгласните, во 12 мултимедијални приказни, каде преку лични искуства на граѓаните на Македонија разработуваме случаи поврзани со правосудниот систем во Македонија со цел да ги откриеме потешкотиите со кои соочувааат граѓаните при добивање на правдата и да посочиме на можните грешки или решенија во овие случаи.
За полесно да ги поминете правосудните препреки подготвивме и шест интерактивни видео водичи каде преку игра ќе можете да дознаете што треба да направите доколку и вие се најдете во ситуација да барате правда.
Дополнително за да можете секогаш да имате со вас потсетник за постапките и чекорите кои треба да ги направите можете да ги испечатите дванаесетте листоци во облик на инфографици и секогаш да ви бидат достапни.
Доколку пак имате потреба од бесплатна правна помош и се квалификувате за истата можете преку формата за пријава да ја побарате од нашите партнери Македонското здружение на млади правници.
Мултимедијални приказни

Скапи судски одлуки – Правдата удира по џебот на граѓаните
Правдата во земјава е скапа и тоа честопати ги обесхрабрува граѓаните да се впуштат во долги судски постапки со неизвесен епилог. Невоедначената судска пракса, пак, ...

Условен отпуст: Добро поведение без „награда“
Институтот условен отпуст треба да претставува круна на ресоцијализацијата на осудените лица. Но „наградата“ за нивното добро поведение во рамки на затворската установа многу ретко ...

Полициска бруталност: невидлива за системот, видлива на камера
Брзата реакција на МВР за санкционирање на припадниците од своите редови заглави во судските лавиринти. Обвинителството вели дека успешно ги процесира случаите на полициска бруталност. ...

Денационализацијата заглавена во институционалниот затворен круг
Околу 6 илјади предмети за денационализација сè уште немаат завршница. Таков е случајот и на Валентина Трпевска, којашто 14 години си го бара земјиштето што ...

Дискриминација – Најтешката борба
Пред Граѓанскиот суд во Скопје се водат две постапки за дискриминација на женските борачки во однос на машките. Судењата се сè уште на почеток. Постапките ...

Правдата во Македонија доаѓа преку Стразбур
Дел од исклучените од системот за централно греење кои не плаќаат надоместок за ангажирана можност сè уште водат постапки пред домашните судови, други, пак, ја ...

Слобода без покрив над главата
„Сакам да живеам нормално како сите, како порано што било, ама, еве, условите не ми дозволуваат. Мора животот да се живее нормално.“ Ова се зборовите

Борбата за чист воздух на судска вага
Кога граѓаните најмногу го чувствуваат аерозагадувањето, пред Скопскиот граѓански суд беше изгубена првата правна битка за почист воздух. Судот ја отфрли тужбата против Владата, Министерството

Сагата на граѓаните за нивното право на социјална заштита
Добринка Рамовиќ од Скопје три години била оставена без паричен надоместок за помош и нега од друго лице. Исто толку години траела и нејзината битка ...

Договорите на определено време да не го определуваат и мајчинството
Македонските закони досега не ги штитеа бремените жени и идните мајки на работното место. На прсти се бројат оние што се охрабруваат да зборуваат јавно

Лавиринтот на правдата
Благоја Бандоски и Нуретин Даци од Скопје со години талкаат низ институционалните и судски лавиринти барајќи ги своите права од социјална заштита. Административната правда е

Тужат роднини за да докажат дека им треба социјална помош
Дајте ни тужба! Со вакви барања се соочил Граѓанскиот суд во Скопје од лица во социјален ризик, кои биле упатувани да тужат родители и роднини
Интерактивни видеа

Судска медијација
Kаква е постапката и какви спорови може да се решат преку медијација дознајте преку новото интерактивно видео на Види Вака.

Дигитализација на судството
Пандемијата со ковид-19 ја актуелизираше потребата од дигитализација на правосудните органи.

Бесплатна правна помош
Низ ова видео ќе дознаете како да дојдете до бесплатната правна помош која ви следува законски.

Колку е автоматизиран АКМИС?
Како навистина функционира и дали предметите се распределуваат автоматски или на рака, дознајте преку ова игриво видео.

Како се станува судија?
Дали изборот на судиите се врши според професионални или политички критериуми? Дознајте преку ова интерактивно видео.

Намалување на судските такси
Ќе значат ли пониските судски такси поголем пристап до правдата за граѓаните. Играјте го ова интерактивно видео за да дознаете колку се намалени таксите и ...
Инфографици
- Отказ на бремени работнички
- Повреда на право на судење
- Гарантирана минимална помош
- Пријавување загадувач
- Пријавување загадувач 2
- Жалба до Европскиот суд во Стразбур
- Пријава на полициска бруталност
- Пријава на дискриминација
- Поврат на имот од денационализација
- Нега од трето лице
- Барање за условен отпуст
- Високи судски трошоци