За Види Вака

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродојстојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.

Веќе пет години сме посветени на раскажување на приказни што вредат. 

Креираме стории кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ние сме платформа која нуди приказни за луѓе кои се невидливи за институциите, поединци кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат.

Ги мапираме и ставаме во фокус проблемите со животната средина кои имаат директно влијание врз квалитетот на нашиот живот, со социјалната заштита, работничките права, пристапот до правда и се` она за што веруваме дека е вредно да се истражи.

Нашата работа придонесе да се случат мали но значајни промени, како кај поединците така и во општеството и институциите. За нашето информирање добивме бројни награди.

  • Награда „Гласник на невидливите“ за документарниот филм „Собирачи“ од Македонската платформа против сиромаштија
  • ​Награда за најдобра новинарска сторија од сферата на општествено – социјалниот живот за документарниот филм „Собирачи“ од Советот за етика во медиумите​
  • Награда „Гласник на невидливите“ од Македонската платформа против сиромаштија за видео приказна за луѓето кои живеат без лични документи и се невидливи за институциите
  • Награда за најдобрa новинарскa сториja за инклузивно известување за различностите во време на ковид-19 што ја доделува Совет за етика во медиумите на Македонија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
  • Награда „Гласник на невидливите“ од Македонска платформа против сиромаштија
  • Наградата за најдобар иновативен новинарски производ од МИМ
  • Награда за истражувачко новинарство „Јашар Eребара“ од ЗНМ- мултимедијална приказна „Заробените бели градови на градот“

 

​Ако имате приказна која е потребно да ја знаат и други луѓе, нашиот тим новинари е подготвен да го истражи проблемот, да побара одговори од одговорните лица и да ги истражи можните решенија. Пријавете ја приказната на следниов линк.