За Види Вака
Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродојстојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.
Веќе пет години сме посветени на раскажување на приказни што вредат.
Креираме стории кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ние сме платформа која нуди приказни за луѓе кои се невидливи за институциите, поединци кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат.
Ги мапираме и ставаме во фокус проблемите со животната средина кои имаат директно влијание врз квалитетот на нашиот живот, со социјалната заштита, работничките права, пристапот до правда и се` она за што веруваме дека е вредно да се истражи.
Нашата работа придонесе да се случат мали но значајни промени, како кај поединците така и во општеството и институциите. За нашето информирање добивме бројни награди.
- Награда „Гласник на невидливите“ за документарниот филм „Собирачи“ од Македонската платформа против сиромаштија (2018 година);
- Награда за најдобра новинарска сторија од сферата на општествено – социјалниот живот за документарниот филм „Собирачи“ од Советот за етика во медиумите (2018 година);
- Награда „Гласник на невидливите“ од Македонската платформа против сиромаштија за видео приказна за луѓето кои живеат без лични документи и се невидливи за институциите (2019 година);
- Награда „Гласник на невидливите“ од Македонска платформа против сиромаштија за графичката вест „Малолетнички брак – губење на еден детски сон“ (2020 година);
- Награда „Гласник на невидливите“ од Македонска платформа против сиромаштија за лица без документи (2020 година);
- Награда за истражувачко новинарство „Јашар Eребара“ од ЗНМ- мултимедијална приказна „Заробените бели градови на градот“ (2021 година);
- Наградата за најдобар иновативен новинарски производ од МИМ за мултимедијалната приказна „Тивките балкански убијци“ (2021 година);
- Награда „Гласник на невидливите“ од Македонска платформа против сиромаштија за краткиот документарен филм „Образование надвор од мрежата“ (2021 година);
- Награда за најдобрa новинарскa сториja за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19 што ја доделува Совет за етика во медиумите на Македонија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје за мултимедијалната приказна „Коронавирус- борба низ иглени уши за работничките права“ (2021 година);
- Трета награда за „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“ што ја доделува Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ и Прогрaмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK) за мултимедијалната приказна „Заробените бели градови на градот“ (2021 година);
- Награда „Гласник на невидливите“ од Македонска платформа против сиромаштија за мултимедијалната „Неуморна борба за признаен личен идентитет“ (2022 година);
- Награда „Гласник на невидливите“ од Македонска платформа против сиромаштија за краткиот документарен филм „Крпен рурален живот“ (2022 година);
- Втора награда за „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“ што ја доделува Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ и Прогрaмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK) за прстолизгачката приказна „Македонија без решение за чист воздух“ (2023 година);
- Благодарница од Асоцијација за цистична фиброза (2023 година);
- Благодарница од Здружение Аутизам ААМК (2023 година);
- Благодарница од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (2023 година);
Ако имате приказна која е потребно да ја знаат и други луѓе, нашиот тим новинари е подготвен да го истражи проблемот, да побара одговори од одговорните лица и да ги истражи можните решенија. Пријавете ја приказната на следниов линк.