Визија
Да им дадеме смисла на информациите

Мисија
Ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.

Уредувачки приоритети
Види Вака нуди видео содржина прилагодена за онлајн употреба на дигиталната генерација која ги добива вестите на своите мобилни уреди и социјални мрежи. Видео содржина која е веродојстојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.

За разлика од многу мејнстрим медиуми ние даваме смисла на информациите во една минута преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Види Вака се грижи за соодветно претставување на маргинализираните и ранливи групи во медиумскиот простор и се залага да им даде глас на безгласните.