ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

За Види Вака
Види Вака е дигитален медиум кој им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродојстојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.
Веќе пет години сме посветени на раскажување на приказни што вредат. Креираме стории кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ги раскажуваме приказните на луѓето кои се невидливи за институциите, на поединците кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат.
За работната позиција
Во потрага сме по агилна и динамична личност, со големо новинарско искуство и одлични технички и дигитални вештини, која заедно со тимот на новинари на Види Вака ќе го унапреди квалитетот на медиумот и од содржински аспект и од аспект на имлементација на најсоврементите дигитални формати.
Уредникот за дигитални канали креира и имплементира стратегија за обезбедување квалитетна содржина за дигиталните канали (веб-страница, социјални мрежи), која ќе ги следи највисоките новинарски стандарди и најновите стандарди за дигитално раскажување. Дава предлози за содржина, го надгледува процесот и исходот, давајќи континуирани насоки за подобрување. Ја проверува и уредува содржината, давајќии активен фидбек на новинарот кој ја креирал.Самиот активно учествува во креирање содржини, додавајќи на квалитет на тимот. Делегира и координира задачи кои ги исполнува новинарскиот тим, како и тимот на надворешни соработници.
Оддржува редовни состаноци со тимот, носи заклучоци и предлози за подобрување базирани на конкретни податоци. За својата работа му рапортира на извршниот директор и на оперативниот директор.
Уредникот тесно соработува со менаџментот за исполнување и зацврснување на уредничката политика и вредностите на медиумот. Соработува со маркетинг тимот и продукцискиот тим за имплементација на соодветни алатки и техники на дигитално раскажување и дистрибуција на содржини.
Потребно е да ги има следните искуства и вештини
- Искуство од најмалку 5 години во новинарството
- Искуство од најмалку 4 години во работа со дигитални медиуми
- Искуство од најмалку 2 години во водење тим или активно менторирање новинари
- Одлични познавања на сите форми на дигитално и мултимедијално раскажување
- Oдлично познавање на раскажување со помош на податоци (data storytelling)
- Одлично познавање на новинарските и генералните дигитални трендови
- Одлично познавање на сите дигитални канали и социјални мрежи
- Одлично познавање на дигитални алатки кои се користат во новинарството и генерално за креирање содржина
- Искуство во дигитална аналитика и носење одлуки на база на податоци
- Познавање на основите процеси на видео-едитирање и креирање дигитални содржини
Потребно е да ги има следниве лични карактеристи
- Самоиницијативност
- Одговорност
- Желба за професионален развој
- Лидерски способности
Што нудиме
- Конкурентна плата
- Сопствено организирање на времето и евалуација на работата врз основа на сработеното а не на часовите поминати на работното место
- Можност за професионална надоградба на обуки и преку материјали по сопствен избор на трошок на медиумот
- Можност за посета на обуки и конференции во странство
- Можност за пренесување на своето знаење преку обуки кои ги организира фондацијата ИДЕА ЈИЕ која стои зад медиумот
За да аплицираш за отворената работна позиција испрати ни куса биографија или линк до твојот профил на LinkedIn, заедно со најмалку 3 линкови од статии/мултимедијални приказни или слична дигитално-раскажувачка содржина за која сметаш дека е најрелевантна за оваа отворена работна позиција на contact@vidivaka.mk.