Тишина и ветер провејува низ конструкацијата на некогашната фабрика „Купром“. Распаднати ѕидови, парчиња стакло од искршените прозорци, прашина, отпад, заборавени градежни материјали, вака повеќе од 20 години стои фабриката која заврши во стечај. Ова е уште една од низата скопски „напуштени можности“, односно градби погодни за реупотреба и ревитализација земајќи го предвид нивниот капацитет.
Но „Купром“ се држи за последната сламка – младиот дух на скопјани. Во живот го одржуваат колоритните графити на ѕидовите и музичките спотови снимени во неговите простории.
Спотови снимени во „Купром“: