
Teориите на заговор често доаѓаат спакувани како интересни кратки приказни кои привлекуваат внимание. Овие теории најчесто се присутни на социјалните мрежи, па така самите мрежи бараат начини како да се заштитат од нив преку креирање на алгоритми кои би можеле да ги препознаваат.
Теориите може да ги сретнеме на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, месинџер, на различни портали, а неретко знае да ни пристигне и порака на имајл со содржина „која треба да ни ги отвори очите“. Многу често во ваквите содржини се спомнуваат доктори, медицински лица или лица со некакви титула, кои укажуваат дека станува збор за „вистина“.


Комуникологот Сеад Џигал потврдува дека социјалните мрежи бараат соодветни алгоритми за спречување на лажни вести, но сега за сега тоа не се совршени решенија.





Како се споделуваат теориите на заговор со цел да не бидат детектирани од алгоритмот?
Со цел да не бидат лесно детектирани креторите на теориите на заговор
користат комбинации од латинични и кирилични букви за да го „збунат“
алгоритамот. Потоа користат слики на кои има текстови, кои претпоставуваат
дека алгоритамот потешко ќе ги чита.


Креаторите користат и профили на личности за полесно ширење на нивните
тероии. Луѓето имаат тенденција да веруваат на луѓе отколку на компании,
медиуми и слично.

Тука се јавува проблем и слободата на говор на социјалните мрежи која
дополнително ја отежнува способноста да се провери една информација. Со
самото споделување на една лажна вест, кликнување на like од пријателите на
корисникот на социјалите мрежи каде што е споделена, па и споделување на
истата на други профили и приватни пораки, доведува до тоа самата
информација да биде се повеќе гледана.
Постојат и случаи кога и веќе докажано лажни вести повторно се споделуваат и
јавноста се уште верува во нив.

Луѓето често многу силно реагираат на ваквите вести и информации.




Лажните вести се шират 10 пати побрзо од вистинските вести
Во текот на изминатите години, градењето на алгоритам за откривање на
дезинформации стана една од главните цели на социјалните мрежи. Сепак
главниот предизвик да се изгради алгоритам кој што ќе може да се справи со
огромната разновидност на лажните вести не е исполнет. Компјутерските
алгоритми се базирани на примери и препознаваат лажни вести според дадени
примери. Со новите начини на пласирање на теориите на заговор на социјалните
мрежи, препознавањето станува потешко.
На сложувалката за креирање на алгоритам кој ќе ги детектира сите лажни вести
и недостигаат уште многу делови. Професорот Џигал вели дека борбата ќе биде
вечна.
Ментори: Игор Стојанов, Дијана Насева, Правен Факултет – УГД Штип, Медиумски студии и односи со јавност
Подготвиле: Кристина Бошнакова и Дорина Стефановска
Напомена: Оваа сторија е објавена во рамки на проектот за дописничка мрежа на Види Вака, приказните се создадени од новинари кои не се дел од тимот на Види Вака.
