
Личниот развој како поттик за едногодишно патување низ Европа го доведува Хао Чу , член на Кинескиот културен центар во Минск во судир со лажните вести на Балканот. Патувањето го започнал минатата година во април, од Белорусија, ги посетува соседните земји Украина, Ерменија, Русија, а потоа доаѓа на Балканот.
Извор: Дневник 2, Радио Tелевизија Републике Српске
Движењето со велосипед го надополнува со хоби, фотографирање на своите патешествија низ еко центрите кои ги посетува. А неговиот пристап и топла насмевка му помага да ги гради односите со луѓето кои ги среќава.
Популарноста на Хао Чу ја искористија низа на медиуми и портали да креираат и лажни вести и дезинформации. Сè почна од сатиричниот портал „Њуз Бјелина“ кој објави дека токму Хао Чу бил жртва на „балканскиот менталитет“ .

Голем дел од балканските медиуми не ја разбраа сатирата на „Њуз бјелина“ и
информацијата ја пренесоа како вистинита. Дезинформацијата поврзана со Хао Чу брзо
се рашири низ Република Србија во различни верзии.


Објави на медиумите
Нашите медиуми нe останаа имуни на желбата за лесни кликови и прегледи, па направија македонска верзија од српските дезинформации.
Ментори: Игор Стојанов, Дијана Насева, Правен Факултет – УГД Штип, Медиумски студии и односи со јавност
Подготвил: Глигор Велјановски
Напомена: Оваа сторија е објавена во рамки на проектот за дописничка мрежа на Види Вака, приказните се создадени од новинари кои не се дел од тимот на Види Вака.
