
Источниот регион во континуитет се соочува со проблемот со комарците, особено Кочани како град на оризот каде дополнително се согледува овој проблем.
Но која е причината со проблемот со комарците?
Сѐ повеќе се јавува сомнеж кај граѓаните, дека прскањето против комарците, не го дава
саканиот ефект, но освен навечер, комарците ги има и преку ден.
Со појавата на комарци секоја година, се појавуваат и голем број на лажни вести и дезинформации поврзани со тоа со што се прска од воздух и копно?
Некои граѓани сметаат дека преку земното прскање не се користат средства за уништување на комарците, туку дека тоа се токсини кои се штетни по здравјето на луѓето, флората и фауната.
Бомбардирани од секакви информации и дезинформации, побаравме податоци, кои фирми годинава ги добиле тендерите за земно и авионско прскање од општината Кочани.
Фирма која годинава го добила тендерот за земно прскање е „Лиса.ком” од Кавадарци, а за авионско прскање „Вониер”.
Директорот на „Лиса.ком“ Стојан Митров сподели информации како фирма која го врши земното прскање во градот.
Сомнежите и шпекулациите и понатаму ќе продолжат. Со појавата на комарците следна година, повторно ќе се разгорат лажните вести и дезинформации.
Овие лажни вести и дезинформации поврзани со комарците ќе може да ги решат само одговорните луѓе и институции на оваа проблематика.
Ментори: Игор Стојанов, Дијана Насева, Правен Факултет – УГД Штип, Медиумски студии и односи со јавност
Подготвил: Христина Илијева
Напомена: Оваа сторија е објавена во рамки на проектот за дописничка мрежа на Види Вака, приказните се создадени од новинари кои не се дел од тимот на Види Вака.
