ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

За Види Вака Раскажувачко Студио

Види Вака е дигитален медиум кој им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Мисијата на медиумот е да ја информира дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродојстојна, лесна за гледање и штеди време за добивање на клучните информации.

Веќе пет години сме посветени на раскажување на приказни што вредат. Креираме стории кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ги раскажуваме приказните на луѓето кои се невидливи за институциите, на поединците кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат.

Сега нашите вештини на раскажување приказни, за прв пат ги отвораме и за комерцијални потреби. Со таа цел, го креиравме првото Раскажувачко студио во регионот, кое ги комбинира вештините на раскажување и најновите дигитални технологии со цел да понуди содржина која ќе ги издвои брендовите во морето комерцијални пораки.

За работната позиција

Во потрага сме по агилна и динамична личност, со солидно искуство во дигиталниот маркетинг и одлични технички вештини за работа со дигиталните алатки и платформи, која ќе придонесе за промоција на услугите и продуктите на раскажувачкото студио. Очекуваме таа личност да биде вешта, како во процесот на креирање стратегија и содржина за промоција, така и во процесот на креирање стратегија за собирање лидови и самостојна имплементација на истата на домашен и странски пазар. Да умее да креира концизни и разбирливи извештаи, врз основа на податоците добиени од алатките за анализа. Да ги оптимизира lead gen активностите врз основа на резултатите.

За својата работа му рапортира на оперативниот директор. Оддржува редовни состаноци со менаџерскиот тим, и дава предлози за подобрување базирани на конкретни податоци. Се координира со маркетинг и продукцискиот тим, како и со тимот за продажба, со цел заеднички да испорачаат што подобри резултати.

Очекуваме да има силно чуство за одговорност и сопственост врз проектите со кои ќе управува.

По сопствена желба и иницијатива може да се вклучи и во креативниот процес за клиентите.

Следново искуство е пожелно:


Лични вештини кои се пожелни:


Работата ќе се смета за успешна доколку:

Како резултат на активностите стекнеме нови лидови и потенцијални клиенти. Ако успееме да закажеме продажни состаноци со што поголем број потенцијални клиенти. Ако успешно ја промовираме нашата досегашна и идна работа и проекти. Ако ги подобриме препознатливоста и имиџот на Раскажувачкото студио. За сите овие активности ќе бидат поставени јасни индикатори за мерење на нивната успешност.


За возврат нудиме:

Плата во ранг помеѓу 700 – 900 ЕУР, согласно покажаното искуство

Евалуација на сработеното според резултатите, а не според часовите поминати на работното место.

Достапност на сите неопходни дигитални алатки и платформи за успешно спроведување на активностите.

Индивидуален избор на обуки за личен напредок кои ќе ги покрие компанијата.


За да аплицираш за отворената работна позиција испрати ни куса биографија или линк до твојот профил на LinkedIn на contact@vidivaka.mk.