Подарете подарок што е важен. Поддржете го независното новинарство оваа празнична сезона!

Тимот на Види Вака и Фондација ИДЕА Југоисточна Европа ви посакува среќни празници и мирна, независна 2024 година!
Лого новогодишно

Додека веселите честитки и виното се несомнено прекрасни, ве покануваме да размислите за новогодишен и божиќен подарок со длабоко значење – еден исполнет со вредности за промени, независност и приказни што вредат.

Во Види Вака, ние ја поддржуваме празничната традиција која ја одразува нашата посветеност да направиме позитивно влијание во нашето општество. Оваа година, наместо да испраќаме подароци до пријателите, поддржувачите и соработниците, со задоволство ја продолжуваме традицијата на поддршка кон луѓето, заедниците и организациите, како и кон сите херои и хероини во нашето општество кои прават промени и придонесуваат за ние да создаваме различни перспективи во новинарството.

Ова се приказните што направија промена и ни дадоа признанија на нас во 2023 година:

По иницијатива на Види Вака, интернационалниот шахист – Ристо Донев од Претседателот Стево Пендаровски доби „Повелба“ на Македонија.

По две години од приказната „Жед на патот“, учениците од село Дреновци беа во Народната банка, добија училишен прибор, а на крај на годинава добија и компјутери и печки за греење.

Види Вака изминативе седум години се залага за негување и заштита на македонскиот јазик

Види Вака доби и благодарница од Асоцијацијата за цистична фиброза за медиумската поддршка во нивната борба за лекот Трикафта.

На Школка со настанот „Играме заедно пак“ сите заедно испративме порака дека во различноста се крие убавината.

Ако ви се допаѓа нашата идеја и мисија, ве покануваме и во иднина да продолжите да нè следите и поддржувате.

Тимот на Види Вака и Фондација ИДЕА Југоисточна Европа ви посакува среќни празници и мирна, независна 2024 година!

Facebook
Twitter
LinkedIn