Луѓето што прекумерно фантазираат страдаат од маладаптивно мечтаење

Mаладаптивно мечтаење e новооткриен феномен и релативно нов, потребни се уште истражувања за да се открие зошто точно се јавува и кој е најдобриот начин да се третира.
Автор: Види Вака
Камера и фотографии: Лоран Бајрами
Монтажа: Горан Бошковски
MAladaptivno mectaenje

Колку често ви се случило прекумерно да фантазирате? Тоа прекумерно фантазирање во психологијата се нарекува маладаптивно мечтаење.

Лицата кои страдаат од маладаптивно мечтаење создаваат фиктивни светови со замислени карактери и наративи.

Видеото оригинално е објавено на 15.2.2024 година.

Интересно е дека содржината на фантазиите може да е поврзана со некоја неисполнета емотивна потреба. На пример, лице кое страда од депресија и не чувствува задоволство и возбуда во реалноста, ќе фантазира за возбудливи случувања како на пример борби со опасни животни или бегства од опасни ситуации.

Дали страдате од маладаптивно мечтаење?

Постојат стратегии и опции за третман за маладаптивно мечтаење.

Когнитивно-бихејвиорална терапија е вид на психотерапија која има за цел да им помогне на луѓето да научат вештини за справување и модифицирање на нивните негативни верувања и мисли кои водат до непосакувани однесувања. Преку овој вид на психотерапија, лицата со маладаптивно мечтаење можат да ги препознаат и променат мислите кои предизвикуваат прекумерно фантазирање.

Според специјализантката по психијатрија, д-р Невена Николова, свесноста и медитацијата можат да помогнат да се намали склоноста кон бегството во фантации.

„Свесност, познато како „mindfulness“ и медитација можат да ви помогнат со зголемување на свесноста за сегашниот момент и да ја намалат склоноста кон бегство во фантазии. Вежбите за свесност можат да им помогнат на лицата кои страдаат од овој феномен да забележат кога започнуваат со фантазирање и да го насочат своето внимание кон реалноста,“ истакна Невена Николова, специјализантка по психијатрија.

Според д-р Николова, когнитивно-бихејвиоралната терапија има за цел да им помогне на лицата кои ја имаат оваа дијагноза.
„Когнитивно-бихејвиорална терапија е вид на психотерапија која има за цел да им помогне на луѓето да научат вештини за справување и модифицирање на нивните негативни верувања и мисли кои водат до непосакувани однесувања. Преку овој вид на психотерапија, лицата со маладаптивно мечтаење можат да ги препознаат и променат мислите кои предизвикуваат прекумерно фантазирање,“ посочи д-р Николова.  

Некои терапевти предлагаат поставување на специфично време, односно период од денот за фантазирање. Со ова може да се намали влијанието на фантазирањето врз секојдневните обврски.

Како сами да процените дали имате симптоми на маладаптивно мечтаење?

Неколку специјализанти од Клиниката за психијатрија подготвија веб-страница наменета за маладаптивното мечтаење. На оваа веб-страница имате можност да ја погледнете скалата, но и да одговорите на прашалник составен од 16 прашања.

Одговорите се анонимни, а со одговор на прашањата ќе помогнете за научно-истражувачки цели на македонските лекари.

Mаладаптивно мечтаење e новооткриен феномен, потребни се уште истражувања за да се открие зошто точно се јавува и кој е најдобриот начин да се третира.

Facebook
Twitter
LinkedIn