Лажните вести побрзо допираат до луѓето

Автор: Кристијан Трајчов
Камера и фотографии: Кристијан Трајчов
Продукција: Игор Стојанов, Дијана Насева, Правен Факултет - УГД Штип, Медиумски студии и односи со јавност
Лажни вести регионални

Лажните вести се шират полесно и побрзо од кога било. Тие се појавуваат периодично, а најголеми креатори на дезинформациите се медиумите, профили на социјалните мрежи и различни веб-страници кои имаат за цел да шират дезинформации, најчесто правејќи го тоа за профит или некаква политичка цел. Случувањата со пандемијата и руската инвазија врз Украина се само примери каде што луѓето можеа да пронајдат непроверени информации, но и да веруваат на нив. 

Но, што е со лажните вести и дезинформации на локално ниво? 

Разговаравме со Ангел Јовевски, млад граѓанин од општина Радовиш кој вели дека ширењето на лажните вести на локално ниво не претставува ништо ново.

Ангел Јовевски

граѓанин на Општина радовиш

„Во современото општество сведоци сме на голем број примери на лажни информации коишто претставуваат не етичко известување и постапување од страна на медиумите кои се креатори на објавените онлајн содржини. За жал, кај нас тоа зема голем замав поради високата стапка на медиумска неписменост и поради лесниот пристап секој да пишува тоа што ќе му текне на памет.“ 

Јовевски потенцираше дека сите еднаш или повеќе пати сме потпаднале на лажна вест.

„Кога бевме по период на пандемија, различни не кредибилни медиуми објавуваа лажни бројки на заразени и вакцинирани лица, каде што единствена цел им беше да бележат профит. Многу медиуми објавуваа не проверени вести со сензационалистички наслови се со цел да ја зголемат гледаноста и популарноста на самиот медиум.“ 

Изјава на Ангел Јовевски

Лажните вести побрзо допираат до луѓето

Новинарката Виолета Вантова од регионалната телевизија „Кобра“ од Радовиш вели дека досега како медиум немаат објавено лажна вест бидејќи информацијата мора да биде потврдена, дали од институција или од некој директно засегнат соговорник. 

Изјава на Виолета Вантова (новинарка во телевизија „Кобра“

„На социјалните мрежи често пати можат да се видат лажни вести или непоткрепени информации
со релевантен извор, но ние како медиум не подлегнуваме на таквите информации и не објавуваме доколку не е потврдена од еден или два извори. Проверката на информацијата е многу важна бидејќи најчесто се тоа наши информации од извори коишто ние ги имаме снимено.“

Вантова додаде дека информациите треба да бидат контролирани, односно потврдувани како што медиумите се контролирани од Медиумската информативна агенција, но и дека треба да се обрне внимание и на социјалните мрежи каде што таа смета дека најмногу таму се појавуваат лажните информации.

Изјава на Виолета Вантова (новинарка во телевизија „Кобра“

Лажните вести побрзо допираат до луѓето

Столе Георгиев е претседател на здружението „ЦЕЛОР“ од Радовиш тој вели дека луѓето повеќе се склони на лажни вести, каде можеби причина за тоа е социолошки или психолошки момент.

На луѓето по неверојатна им стои вистината отколку лажната вест. Кога почна пандемијата, четирите лица кои беа меѓу првите идентификувани, односно позитивни на вирусот беа јавно линчувани по социјалните медиуми од луѓето, каде стана збор за преовеличување на работите.“

Георгиев вели дека во најмала рака треба да се провери кој ја објавува таа информација, дали медиумот има сопствен импресум, односно дали позади напишаното стои некое лице.

„Дури и да се демантира лажна вест, не го намалува ефектот бидејќи веќе лажната вест е пласирана во јавноста. И да се извинат луѓе за лажната вест, пак нема да го намали ефектот.“

Тој додаде дека на локално ниво за време на било кои избори, интензитетот на лажни вести постојано се зголемува каде најчесто анонимни и лажни профили генерираат лажни постови и коментираат со лажни коментари. 

Изјава Столе Георгиев (претседател на здружението „ЦЕЛОР“ од Радовиш)

Ментори: Игор Стојанов, Дијана Насева, Правен Факултет – УГД Штип, Медиумски студии и односи со јавност

Подготвил: Кристијан Трајчов

Напомена: Оваа сторија е објавена во рамки на проектот за дописничка мрежа на Види Вака, приказните се создадени од новинари кои не се дел од тимот на Види Вака.

Facebook
Twitter
LinkedIn