Кога забавата завршува со трагедија

Заеднички именител на сите овие трагедии во светот и во Македонија е пиротехниката во затворен простор, запаливи материјали, недоволен број на излези, пренатрупаност односно поголем број на присутни од што е дозволено и слаб систем за противпожарна заштита. Сите овие трагедии се последица на наталожени пропусти, недоволна координација и отсуство на системска одговорност.
Автор: Христина Ѓорѓиевска Илиевска
Продукција: Види Вака
tragedii

29 октомври 1998 година, 20 февруари 2003 година, 30 декември 2004 година, 5 декември 2009 година, 27 јануари 2013 година, 30 октомври 2015 година, 16 март 2025 година и 1 јануари 2026 година. Овие датуми се врежани во сеќавањето на многу семејства ширум светот кои ги изгубиле своите најблиски – трагедии во кои загинаа вкупно 925 луѓе. Она што се повторува како заедничко за повеќето од овие трагедии се дека се случиле во ноќни клубови, причината е употреба на пиротехнички средства, но најголемите причини се пропустите на институциите, недоволната контрола, техничките недостатоци и човечките грешки.

29.10.1998 година – Пожар во Гетеборг, Шведска

На 29 октомври 1998 година, во пожар во дискотека во градот Гетеборг загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Пожарот избувнал околу 23:40 часот во објект на островот Хисинген каде што се одржувала забава со стотици млади луѓе. Поради блокираниот излез и пренатрупаноста, присутните имале многу малку можности за евакуација, што довело до паника и стампедо. Многу од жртвите биле млади лица, претежно на возраст меѓу 12 и 25 години.

Судски лавиринт


По истрагата, шведските власти обвинија четворица тинејџери за подметнување пожар. Судот ги осуди на затворски казни од три до осум години. Трагедијата предизвика голем шок во шведската јавност и доведе до заострување на безбедносните правила за јавни настани и објекти, особено во однос на капацитетот, излезите за евакуација и противпожарната заштита.

20.2.2003 – Ноќен клуб „Стејшн“ во градот Вест Ворвик во округот Кент, САД

Пред 23 години во ноќниот клуб „Стејшн“ за време на концертот на бендот Great White, загинаа 100 луѓе, а над 200 беа повредени. Причината беше пиротехника за време на концерт на рок бендот. Пиротехничките искри ја запалиле звучната изолација на ѕидовите и таванот. Огнот се проширил за помалку од една минута. Клубот „Стејшн“ немал доволно излези, што довело до паника, гужва и станпедо.

Судски лавиринт

Немаше целосно судење со порота бидејќи обвинетите прифатија спогодби со обвинителството, па дел од доказите никогаш не беа разгледани во суд.

По истрагата беа обвинети три лица.

Тур-менаџерот на бендот кој судот го осуди на 15 години затвор, од кои: 4 години ефективен затвор, 11 години условно и 3 години пробација (казната да се извршува надвор од затвор, но со контрола од државните органи.)

Но, во 2008 година беше ослободен со условна слобода.

Сопственикот на клубот беше осуден на 15 години, од кои: 4 години затвор, а остатокот условно со пробација. Сопственикот отслужи околу 2 години и 9 месеци.

Косопственикот не доби затворска казна, туку 3 години пробација и 500 часа општествено корисна работа.

Покрај кривичните пресуди, имаше и голем број граѓански тужби, но семејства на жртвите сметаа дека казните се премногу благи.

По 5 години од трагедијата, беше постигната спогодба од околу 176 милиони долари за семејствата на жртвите и повредените.

30.12.2004 година – Ноќен клуб „Република Кромањон“ во Буенос Аирес, Аргентина

На 30 декември 2004, годината се заврши со една голема трагедија во Аргентина, загинаа 194 лица, а повеќе од 1400 беа повредени, најмногу од вдишување чад и токсични гасови.

Судски лавиринт

Судскиот процес за овој пожар започна во 2008 година, околу четири години по трагедијата, со околу 15 обвинети за различни одговорности.

Омар Чабан, сопственикот и менаџер на клубот, беше осуден на 20 години затвор за неговата одговорност во пожарот. Освен сопственикот и други осудени лица добија затворски казни за нивната одговорност во трагедијата.

Семејствата на жртвите сметаа дека процесот бил премногу долг и комплициран (од 2008 до 2014 година), што ја зголеми нивната фрустрација.

Пожарот предизвика масовни протести во Аргентина, барања за правда и оставки на локални власти. Трагедијата доведе до строги контроли на безбедносните стандарди во ноќни клубови и измени во регулативата за јавни настани.

5.12.2009 година – Ноќен клуб „Лејм Хорс“ во Перм, Русија

На 5 декември 2009 година во пожарот во ноќниот клуб „Лејм Хорс“ во Перм уби 156 луѓе. Огнот започнал кога се активирала пиротехника во затворен простор, која го запалила таванот.

Судски лавиринт

Судот во Перм ги осуди сопственикот и осум други лица, вклучувајќи организатори на пиротехничкото шоу и поранешни пожарни инспектори, на затворски казни до околу 10 години за нивната улога во пожарот што одзеде 156 животи во ноќниот клуб „Лејм Хорс“.

Семејствата на 156-те жртви сметаа дека казните за осудените се премногу благи во споредба со големиот број загинати. Особено критички беа кон пожарните инспектори и одговорните лица за безбедност, чиј дел од казните беа релативно мали.

27.1.2013 година – Ноќен клуб „Кис“ – Бразил

На 27 јануари 2013 година, помеѓу 2 и 2 и пол часот наутро, загинаа 243 жртви, повеќе од 630 повредени. Причината е употребата на пиротехнички средства во затворен простор, во услови на сериозни безбедносни пропусти.

Судски лавиринт

Судот во Бразил по 8 години од трагедијата осуди четири лица, сопственици на клубот и двајца членови на бендот за убиство и обид за убиство. Казните се движат до 22 и пол години затвор за сопствениците и 18 години за членовите на бендот.

Но, во 2022 година бразилски суд ја поништи пресудата поради процедурални неправилности и нареди ново судење, па случајот повторно влезе во судска постапка.

30.10.2015 година – Ноќен клуб „Колектив“ – Букурешт, Романија

На 30 октомври 2015 година, во 22 часот и 32 минути, 64 мртви и стотици повредени во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт. Главната причина е употреба на пиротехнички ефекти во затворен простор за време на концерт.

Судски лавиринт

После 7 години, 8 лица добија затворски казни, вкупно 61 година, за нивна одговорност за пожарот во Романија (вклучувајќи сопственици, пиротехничар, општински и пожарни службеници.)

Судот наложи обвинетите да исплатат милионски компензации на семејствата на загинатите и на преживеаните.

1.1.2026 – Ле Констелацион, Кран-Монтана, Швајцарија

Годинава на 1 јануари, околу 01 часот и 26 минути, во Швајцарија загинаа 41 жртва, 116 лица беа повредени.

Главната причина сè уште се утврдува, но истрагата се движи во насока на небрежност и пропусти во безбедносните мерки. Според сведоците и обвинителите, се претпоставува дека пожарот бил предизвикан од прскалки кои ја запалиле пенестата звучна изолација на таванот во подрумот на барот.

Судски лавиринт

Процесот е во рана фаза, се отвори кривична истрага против сопствениците на барот,истрагата проширува сомненија и кон локалните власти и службени лица за недоволни проверки за безбедноста.

Во меѓувреме, документи што ги објавија медиумите во Швајцарија покажуваат дека швајцарските обвинители ја прошириле истрагата за пожарот, додавајќи го градоначалникот на Кран-Монтана и уште четворица сегашни и поранешни локални функционери на листата на осомничени.

Долниот дом на швајцарскиот парламент донесе одлука на семејствата на починатите и на преживеаните да им даде „придонес за солидарност“, кој изнесува околу 55.000 евра и има цел да обезбеди брза финансиска поддршка за жртвите од пожарот во барот „Ле Констелацион“.

Македонија на долгата црна листа на трагедии

16.3.2025 година – Дискотека „Пулс“ – Кочани, Македонија

Утрото на 16 март, цела Македонија ја потресе и ја зави во тага големата трагедија која одзема 63 лица, а повеќе од 200 беа повредена. Еден ден подоцна, загина и Иле Гоцевски од кочанската Брза помош чиешто срце не издржа откако цела ноќ и цел ден на раце носеше починати и повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn