Сподели го твоето искуство со здравствените институции за време на пандемијата

Дали кризата предизвикана од Ковид-19 направи пристапот до здравствена заштита да го одложи лекувањето на проблемот што го имавте вие или некој од членовите на семејството? Преку одговарање на прашалникот, кажете ни за какви било предизвици што сте ги имале со остварување на вашите потреби во здравствените институциите изминатава година, а за коишто државата треба да гарантира.
Автор: Види Вака

Дали изминатава година сте се соочиле со некој здравствен проблем, а не станува збор за вирусот ковид-19, а кој подразбирал обраќање до здравствените институции? Дали поради рестрикциите кои произлегоа од пандемијата не можевте да добиете соодветна помош од медицинската установа? Како институциите одговорија на вашите потреби? Дали од нив ја добивте потребната заштита и грижа? Сакаме да ја слушнеме вашата приказна. 

Ве молиме кажете ни за какви било проблеми што сте ги имале со остварување на вашите потреби во здравствените институциите, а за коишто државата треба да гарантира, преку одговарање на следниов прашалник.

Напомена: Новинарите на Види Вака се единствените коишто ќе ги читаат вашите пораки и ја гарантираат вашата приватност, затоа ве охрабруваме да ја споделите вашата приказна со нас.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn