ВИДИ ВАКА РАСКАЖУВАЧКО СТУДИО бара гласовни актери за 3 детски ликови во нова анимирана серија. Анимираните детски ликови се на возраст од околу 10 години. Повикот е отворен за сите возрасти, студенти по актерска игра и актери. Претходно искуство не е потребно, но ќе се смета за предност. Повикот е отворен до 7.9.2024 година.
Потребно да испратите:
– Кратко аудио претставување (име, возраст, искуство)
– Интерпретација на текст по избор, 60- секундна аудио снимка
Демонстрирајте го опсегот на вашиот глас. Охрабруваме креативност во прикажувањето на Вашите гласовни способности. Прифатливи се природни и стилизирани гласови. Едно лице може да поднесе повеќе пријави (гласови).