Напомена: Новинарите на Види Вака и Гоце.мк се единствените коишто ќе ги читаат вашите пораки и ја гарантираат вашата приватност. Затоа ве охрабруваме да ја споделите вашата приказна со нас.
Источна Македонија е регион богат со различни наративи, но често добива ограничено внимание од националните медиуми. Ние сакаме да го пополниме тој јаз преку слушање на граѓаните и нивните приказни од регионот. Целта ни е да ја истакнеме отпорноста на заедницата, да ги прикажеме и добрите и предизвикувачките приказни, како и да поттикнеме одговорност за подобрување на местото во кое живееме.