Регистрацијата на локалните портали во Струга решение на проблемот со лажни вести

Автор: Даниел Шикоски
Камера и фотографии: Даниел Шикоски
Продукција: Игор Стојанов, Дијана Насева, Правен Факултет - УГД Штип, Медиумски студии и односи со јавност
медиумски работник

Медиумите во мултиетничките средини како Струга играат значајна улога во информирањето, но во истовреме оваа изразена мултикултурна и мултиетничка застапеност е уште поранлива и изложена на справувањето со вистината. Нерегистрирани медиуми кои се отвораат и на македонски и на албански јазик ги има сè повеќе во овој регион. Дел од нив работат надвор од било каква регулација и професионални стандарди. Интернет просторот овозможува секој човек многу лесно да објавува вести, што неспорно придонесува сè повеќе да се шират лажни вести и дезинформации. А тоа ја поттиснува и самата смисла на постоењето на новинарството – информирање на јавноста. Граѓаните сè повеќе ја губат довербата во медиумите, тие се веќе уморни од сето она кое медиумите им го пласираат како вест, па се повеќе го губат интересот да следат вести и да бидат информирани за работите за нивниот секојдневен – општествен живот. Направивме онлајн анкета, ги прашавме граѓаните на Струга која е нивната перцепција за лажните вести и дезинформации во Струга. Само 8% од граѓаните сметаат дека многу малку се шират лажни вести и дезинформации, а ниту еден од анкетираните не одговорил дека лажните вести воопшто не постојат. Секој трет од анкетираните има чувство дека бил жртва на лажна вест.

Анкета за граѓаните на Струга

Граѓаните реагирале до медиумите за објавените лажни или неточни вести, но според нивното сведоштво, најголем дел од медиумите не одговарале на нивната реакција.

Анкета за граѓаните на Струга

Љубе Петревски, поранешен новинар во весникот Македонски глас, констатира дека луѓето
тешко можат да одредат што е лажна вест и дезинформација.

Изјава на новинарот Љубе Петревски

Токму поради тоа што граѓаните понекогаш тешко можат да разграничат што е лажна, а што вистинита вест, новинарите се согласни дека е потребна поголема регулација на онлајн просторот.

Изјава на Илмие Жаку, дописник на МРТ2 од Струга

„Секако, мислам дека ако има регистрација на порталите, ќе биде
подобро, ќе се регулира новинарството и онлајн новинарството, но и ќе се намалат
лажните вести, бидејќи вестите што се пишуваат повеќе ќе се проверуваат, може да се
знае малку повеќе за идентитетот на оние луѓе кои се кријат зад тие вести и секако
тоа води до намалување на лажните вести и дезинформациите. Верувам дека ако се
воведе некој соодветен закон, овој проблем може да се поправи.“
Илмие Жаку

Владимир Стојкоски, адвокат од Струга, вели дека правно е возможно воспоставување на
регулација без ограничување на слободата на говор или слободата на медиумите.

Изјава Владимир Стојкоски, адвокат од Струга

Останува да видиме што сè ни носи иднината во развојот на медиумите, но веќе крајно време
е да почнеме да размислуваме за поставување на јасна граница помеѓу изразување и ширење
на лажни вести и дезинформации. Да престанеме да ги штитиме овие вести под превезот на заштита на слободата на изразување. Медиумите треба да си ја зачуваат својата смисла на постоење, зашто тие треба да и служат на јавноста и да се борат вистината секогаш да го наоѓа патот до јавноста.

Ментори: Игор Стојанов, Дијана Насева, Правен Факултет – УГД Штип, Медиумски студии и односи со јавност

Подготвил: Даниел Шикоски

Напомена: Оваа сторија е објавена во рамки на проектот за дописничка мрежа на Види Вака, приказните се создадени од новинари кои не се дел од тимот на Види Вака.

Facebook
Twitter
LinkedIn