ПАНДЕМОНИУМ
Документарен серијал за дискриминацијата во сенка за време на пандемијата. Шест кратки документарни филмови посветени на нееднаквоста која дополнително беше засилена со појавата на ковид19 пандемијата.
Документарен серијал за дискриминацијата во сенка за време на пандемијата. Шест кратки документарни филмови посветени на нееднаквоста која дополнително беше засилена со појавата на ковид19 пандемијата.
Пандемониум е оригинален документарен серијал на „Види Вака“, составен од шест кратки документарни филмови кои треба да им дадат глас на обезгласените кои воедно се меѓу најпогодените од нееднаквоста во општеството, сега дополнително засилена поради пандемијата.
Дискриминација: етничка основа
„Ете корона, гледаш како е без вода. Значи, си доаѓаш од работа, раце не можеш да измиеш. Не можеш да се бањаш – проблеми. Ќе фатиме корона и готово, болеста не прашува значи.“
Две семејства од Кумановско со години се без питка и проточна вода. Дали го заслужуваат тоа само затоа што живеат во нелегализиран објект?
Дискриминација: лица со попречености
„Рацете ми се горе, како ја земам мојата медала. И тогаш сум среќен.“
За златните момци во пливање, Марио и Стефан, пандемијата е поголем предизвик од Олимпијадата. Дали овие шампиони не заслужуваат еднакви можности во новото нормално.
Дискриминација: родова, социо-економска, работничка
„Ние не ги продаваме нашите тела. Ние продаваме сексуални услуги. Сексуалната работа е работа како и секоја друга професија.“
Сексуалните работници/чки во време на пандемија со ковид-19 дополнително стигматизирани. Дали нивната работа не заслужува законска регулација, но во нивна корист?
Дискриминација: родова
„Детето навеќе ме охрабри со тоа што и она изреагира: Ајде мамо да си заминеме, додека татко ми не не утепа.“
Во пандемијата домот не е безбедно место за жртвите на семејно насилство. Зошто препораката „Седи дома“ наместо заштита, носи закана по животот?
Дискриминација: социо-економска
„Дента кога снемав интернет прво се уплашив за наставата, да не ме запишат професорите и се јaвив на класната, а бидејќи немав интернет да не ме запишат професорите.“
Брат и сестра не можат да ја следат онлајн наставата! Дали нивните ограничени ресурси треба да бидат пречка за да се стекнат со квалитетно образование?
Дискриминација: работничка позиција
„Повеќе роб, отколку работник. Кај нас тука во Македонија, повеќе сме робови, отколку работници.“
Здравјето на текстилните работнички изложено помеѓу отказот и опасниот вирус. Дали за да бидат безбедни во пандемијата треба да ја изгубат работата и егзистенцијата?
©Сите права задржани 2021. ВидиВака. Изработено од WebPigment
Брендингот и дизајнот на веб сајтот го изработија студентите од Академијата Браинстер.