Зоран Михајлов

„Шаќири,Шаќири и гоооол, гооооол. Води репрезентацијата на Македонија. Каков резантен удар. Ова беше вистинска уметност“.

Преносот од натпреварот Англија-Македонија во Саутемптон во 2002 е антологиски во кариерата на Зоран Михајлов

Доајенот на македонското спортско новинарство и коментаторство известувал од 15 олимпијади

Започнал како новинар во Нова Македонија, а за прв пат во улога на коментатор бил во 1973 во МТВ

Таму го достигна и зенитот на кариерата и коментираше бројни светски и европски натпреварувања

Вечно ќе го памети лудото патување од Скопје до Хелсинки со „фиќо“ на ЕП во кошарка

„Зацепивме по тој забранет пат, викам што биде нека биде. Рампа. Од Белорусија од Белоруската Република меѓу републиките рампа. И тој каде бе вика сте тргнале? Викам за Ленинград, Санкт Петербург. Од кај идете? Викам од Југославија, таму на југот од Скопје од Македонија. И зема тој се крсти
Видоа во „Застава“ ме поканија гостин им бев ме сликаа ми дадоа мотор поклон за фичо, фала“.

Во младоста бил активен спортист, атлетски рекордер во СФРЈ и Македонија, а играл и кошарка и ракомет

Во сеќавање му е и бокс мечот на Мате Парлов од Олимпијадата во 1972 во Минхен

Таа борба со Кариљо од Куба не ја заборавам. Девет минути прштеа удари. Победи Мате. (18:48-18:56) И расположени вечерта викаме Мате Мате по улици. Се собраа наши луѓе по тоа кафичите во Минхен да прославиме успехот на Мате. Па другиот ден и ракометната репрезентација па и тој ден викавме.

Михајлов се сретнал со ѕвезди од светски калибар како најбрзиот човек на светот Усеин Болт и прославениот Сергеј Бубка

Приказните од 55 годишната кариера се запишани во книгата „Спортски стории:записи, настани и сеќавања“ во издание на „Арс Либрис“

Зоран Михајлов

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.