Многумина Роми не знаат дека може да добијат бесплатна услуга дури и да немаат здравствено осигурување.

Многумина Роми не знаат дека може да добијат бесплатна услуга дури и да немаат здравствено осигурување
„Треба да се зајакне едукацијата на ромското население, и за нивните права од здравствената заштита и осигурување и по однос на здравствената едукација. Тоа пред сè, треба да се најде мерка и модалитет да се прави во самата ромска заедница, дали преку патронажната служба и ромските здравствени медијатори пак Владата и министерствата да ги искористат граѓанските организации кои работат во ромските средини во еден партнерски однос со цел да се допре до најмаргинализираните делови од ромското население и да се едуцираат за нивните права од здравствената заштита“ Борјан Павловски, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ)
Граѓаните имаат право на бесплатни здравствени услуги, но многумина не знаат што е бесплатно, а што се плаќа.
Бесплатни се прегледите кај матичниот лекар, матичниот гинеколог и педијатар.
„Сите услуги што ги добива во рамки на матичните лекари се бесплатни за граѓанинот, без разлика на видот на услугите вклучувајќи и ЕКГ, ако се прави, ПАП тест, брис, ЕХО…Сите услуги кај матичните лекари се бесплатни освен давањето терапија, тоа имаат право да го наплаќаат и домашната посета“, Борјан Павловски, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ)
есплатни се сите здравствени услуги поврзни со бременоста-прегледи и породување
Овие услуги се бесплатни дури и за жени што не се осигурани
Бесплатни се сите превентивни здравствени услуги кои се нудат во здравствените домови:
-вакцинација
-превентивни прегледи на новороденче и доенче
-систематски прегледи за ученици и студенти
Право да бидат ваккцинирани имаат и оние кои не се осигурани и странци
Ромите имаат право да знаат што може да добијат бесплатно бидејќи вредноста на информацијата може да спаси живот.
Дополнително, придонесува за менување на негативните ставови и стереотипи кон Ромите.

Многумина Роми не знаат дека може да добијат бесплатна услуга дури и да немаат здравствено осигурување.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.