Здравствени медијатори

Ромските здравствени медијатори овозможуваат полесен и поквалитетен пристап до здравствени услуги за ромската заедница.
Тие, во име на пациентите, комуницираат со здравствените работници при дискриминација или недостапност на услуги.
Им помагаат за редовни лекарски прегледи и здравствено осигурување.
Активни се и при вакцинација, избор на матични лекари и гинеколози
Медијаторите реагираат при незаконска наплата и здравствено ги едуцираат луѓето.
Активно работат со лица без документи, многудетни и бездомни семејства.
Здравствените медијатори функционираат од 2010 година во програма промовирана од ХЕРА.
Иицијативатa беше финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија
ФООМ првите две години финансиски поддржуваше половина од медијаторите.
Во земјава има вкупно 10 медијатори и од 2012 се под надлежност на Министерството за здравство
Статусот на медијаторите не е решен, немаат постојано вработување, а нивната работа е од Љатифе Шиковска-Здравствен медијатор – Очекувам дека нашиот статус ќе се реши и дека ние постојано ќе бидеме вработени затоа што во нас како здравствени медијатори е инвестирано. Не треба ние како ромски медијатори да згаснеме затоа што сме ѝ неопходни на заедницата. Затоа што заедницата веќе не препознава, заедницата веќе е задоволна од нашата работа, а проблемите се секогаш тука и никогаш немаат крај.
Дека има потреба од ромски здравствени медијатори потврдуваат и пациентите.
Дудије Асан – Родител – Кога имаме некои проблеми одиме кај Љатифе и кажуваме какви проблеми имаме и таа ни ги решава проблемите. Јас работам со пластика, собирам пластика немам пари да доаѓам од Ранка Милановиќ тука со превоз. Многу сум и благодарна на Љатифе што организира превоз да ги донесеме и нашите деца да ги лечиме и да купиме некои лекови за нашите деца.
Медијаторите се како клуч со кој, на пациентите Роми, им се отвораат подзатворените врати на здравствените институции

Здравствени медијатори

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.