Здравствен дом Делчево

Делчево е позитивен пример каде значително е подобрен односот на здравствените работници кон пациентите Роми, но и пристапот до здравствени услуги

До неодамна состојбата не беше таква, пациентите често се испраќаа во други градови,

Дури 50% од Ромите не беа задоволни од односот и услугите на лекарите

„Применувавме разни активности и разни алатки, а главно ни беше пристапот од врата до врата, значи информирање на ромското население и внесување на самите здравствени професионалци во домовите на Ромите. Сега имаме 36% незадоволство, токму во овој крај каде што дејствува КХАМ Делчево, село Црник и Виница. Значи, имаме намалување, односно сензибилизирање прво на здравствените професионалци, а второ намалување на претставките, намалување на прекршување на правата на пациентите.“ Анита Цоневска (координатор во КХАМ Делчево)

Со заеднички сили, граѓанското здружение КХАМ и ЈЗУ „Гоце Делчев“ придонесуваат до подобрување на состојбата

„Ромите во Делчево се многу добро примени и во општествениот живот и во соседството, посебно во Здравствениот дом, имаме посебни работилници, работиме, ги доближуваме до здравството. Така што, досега не сме имале жалби, посебно на национална основа, дека некој е деградиран во Делчево.“ Мара Глигоровска (в.д. директор Здравствен дом Гоце Делчев – Делчево)

Здравствен дом Делчево

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.