Заробени дрвја 2

Град Скопје и Шумарскиот факултет од Скопје заедно ќе работат на ослободување на стотиците зацементирани дрвја

Види Вака објави дека повеќе од 400 дрвја во Скопје се осудени на смрт бидејќи стеблата им се заробени

Локациите на дрвјата се мапирани на карта изработена од Шумарскиот факултет од Скопје

„Сите дрвја коишто ги имаме регистрирано се сѐ уште живи, некои од нив се во лоша здравствена состојба, меѓутоа при интервенција, брза, ќе преживеат, така да треба итно да се реагира.

Град Скопје ќе ја искористи мапата за ослободување на дрвјата

„ Она што сакам да го потенцирам е дека во претстојниот период освен на подигањето нови зелени површини, големо внимание Град Скопје ќе посвети и на заштитата на постојното зеленило. Во таа насока ќе споменам дека со помош на Шумарскиот факултет работиме на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности. “

Заробени дрвја 2

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.