Жестока дебата за Законот за употреба на јазиците

Законот за употреба на јазиците се очекува да се донесе пред 25 септември

Законското решение предложено од владата предизвика жестока дебата

За едни законот ги унапредува правата на заедниците

За други е скандалозен и надвор од рамките на Уставот и Рамковниот Договор

Меѓу владините партнери СДСМ и ДУИ постојат разидувања

Венецијанската комисија ќе одлучува за спорни прашања како двојазични банкноти или униформи на АРМ

Според предлогот, службен јазик, освен македонскиот, ќе биде и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните

Професорката Гордана Сиљановска во ова гледа прекршување на Уставот и рамковниот договор

„Со Закон не можете да смените ниту да дополните Устав. Мора да имате уставен основ. Овој закон за јазиците го надминува уставот. Исто така надвор е од Рамковниот договор. Амандманот 5 од Уставот го регулира ова прашање. Во амандманот 4 се вели дека секој граѓанин кој живее во единица на локална самоуправа во која најмаку 20 % од граѓаните зборуваат на службен јазик различен од македонскиот во комуникацијата со подрачните единици на министрствата и со државните органи може да комуницира на неговиот јазик. Од каде произлегла можноста во сите органи на централно ниво да може да се користи јазикот кој го зборат најмалку 20 проценти од граѓаните?“ Гордана Сиљановска – Универзитетски професор

Се предвидува во сите органи на државната власт, јавни претпријатија, освен македонскиот, службен да биде и албанскиот

Двојазични ќе бидат и униформите на полицијата, пожарната и здравството

Фискални, уплатници, бандероли, називи на институции и натписи на гранични премини и аеродроми со над 20 % албанци

За непочитување на законот е предвидена глоба од 4-5 илјади евра за правното и до 30 % за службеното лице

За спроведувањето на законот ќе се грижи посебна агенција

Инспекторат во рамки на министерството за правда ќе го надгледува спроведувањето

Професори од институтот за македонски јазик упатија приговор до владата

Сметаат дека законот го прекршува Уставот и Рамковниот договор

Бараат да се направи разлика меѓу официјален јазик и јазик во службена употреба

И да не се дискриминираат другите етнички заедници со наведување само на албанскиот јазик

Ваквото законско решение не беше пречка за лидерот на ДУИ

Тој размислува за употреба на албанскиот јазик и во меѓународни рамки

„Што се однесува на јазикот, на пример, во меѓународната комуникација, албанскиот јазик е дискриминиран. Зошо албанскиот јазик да не се смета за еднаков и во меѓународната комуникација? Зошто албанскиот јазик да се забранува надвор од границите на Република Македонија? Но ова се прашања кои можат да бидат отворени и да се разговара за нив“ Али АХмети – Претседател на ДУИ

Изјава на Ахмети се смета и за предизборен маркетинг во пресрет на локалниите избори

Жестока дебата за Законот за употреба на јазиците

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.