Дилеми за Закон за јазици

Примената на новиот Закон за употреба јазиците отвора стотици дилеми

Различни толкувања има за начинот на примената, правата и обврските, казнените одредби, финансиските импликации…

За имплементација на законот ќе биде надлежна нова институција, Агенција за примена на јазикот

Агенцијата со буџет од 8 милиони денари ќе вработи лингвисти, филолози и лектори

Првичните проценки се дека имплементација на законот ќе чини 1,7 милиони евра

Неизвесно е колку од овие пари ќе бидат за нови вработувања или за таа намена ќе се користат постоечките капацитети

Сепак ова е ново право коешто произлегува во смисла на комуникација на граѓаните со централната власт и се разбира дека ќе има дополнителни трошоци во смисла на градење на инфраструктура, техничка инфраструктура меѓутоа и човечки ресурси во институциите. (34-49)

Дилеми постојат и за тоа дали албанскиот како службен јазик на целата територија е на исто рамниште со македонскиот во секој аспект

Службен и официјален јазик во Република Македонија е македонскиот јазик. Втор и друг официјален јазик е албанскиот јазик регулирано со употребата во законите. Први треба да знаат граѓаните, Струмица Гевгелија не живеат Албанци, односно не живеат над 20 %. Па ме прашуваат дали треба да правиме двојазични документи, дали знаците треба да ги менуваме, не треба да ги менуваме. Дали во школите ќе се учело, не.
Полицаецот ќе зборел на албански па нема да му ја платам казната. Тој е должен мене да ми служи.

Казните за непримена на законот ќе ги изрекува инспекторатот

Ќе се движат од 4.000 до 5.000 евра за институциите и 30 проценти од тој износ за одговорното лице

Дилеми за Закон за јазици

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.