Загадување опозициско

Воздухот во Македонија се чини дека е позагаден кога некоја политичка партија е во опозиција

Ова е воздухот во главниот град на Македонија. Ова е сликата за нашиот град.

Прва,најитна, приоритетна, алармантна мерка за намалување на загадувањето на воздухот е итната промена на власта.

Смената на власта многумина ја сметаа за клуч во решавање на проблемот со загадувањето, а ветувањата беа адут на изборите

Нашето здравје, вашето здравје, потребата за чист воздух и чиста вода за пиење се наша света должност и обврска.

Вашите барања се јасни и јас ве уверувам дека нашите градоначалници ќе направат се да ги исполнат плановите кои ги создадоа за вас. Да има чиста вода за пиење до секој дом да дишиме чист воздух затоа што нема слобода и живот без чист воздух.

Набргу сфатија дека „нема магично стапче“ за решавање на проблемите

Никогаш, никогаш на граѓаните не сум им ветил брзо решавање на овој проблем. Гледајте ги моите обраќања и во текот на кампањата и во текот на официјалните обраќања до граѓаните, уште повеќе реков дека ова лето ќе го имаме како аманет од претходната власт.

Фактичката состојба на терен покажува дека нема значајни промени

Дел од мерните станици повторно не работат, а граѓаните регистрираат загадување и до десет пати над дозволеното

Загадување опозициско

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.