Пред 30 години е снимена “Втората смена”, една од најпопуларните македонски тв-серии

Пред 30 години е снимена „Втората смена“, една од најпопуларните македонски тв-серии
Работена е по текст на истоимената книга на Велко Неделковски кој е сценарист на серијата
Летувалци здраво!
Здраво!
Сите ние овде сме едно големо семејство. Се разбира како и дома и тука мора да се почитува куќниот ред. Оние кои се добри ќе поминат добро, а оние другите… Тие да се вратат дома! ( „Втората смена“ епизода 1) (22.20-22.50)
Лудориите започнуваат во собата број 7 каде летуваат Николче, Коце, Бранко, Бане, Ване и Цобе
Хауг, хауг. Го закопувам военото секирче
Чекајте, чекајте треба да избереме собен старешина. Се предлагам себеси, ајде да видиме кој гласа за мене. Еден, два, три, четири, овој се прави дека не слуша значи е воздржан, а јас сум против. Значи ме избравте мене за собен старешина. ( „Втората смена“ епизода 2) ( 4.05-4.25)
Николче веќе третиот ден има симпатија- Маргарита, додека пак Симона е вљубена во него
„Каде е другарка ти Маргарита? Не знам таа е твоја другарка. Беше порано и што најде на неа. Симпатична е. Постаре е цели две години,а ти зјапаш во неа, си се залепил како сенка и газиш по стапките. Ќе гледам во кого сакам, преврзувај и молчи ( Втората смена епизода 4 ) ( 24.10-24.28)
Серијата имаше шест епизоди и беше летен хит за децата и за возрасните
Режијата е на Душан Николовски, а главни актери беа Мартин Трпчевски и Катарина Ангелковска
Дедо, колку трае првата љубов? Аааа значи тука те боцнало. Првата љубов именце трае цел живот. ( Втората смена, епизода 6) ( 27.14-27.34)

Пред 30 години е снимена “Втората смена”, една од најпопуларните македонски тв-серии

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.