23 години по времената спогодба Македонија и Грција се најблиску до решение.

23 години по времената спогодба Македонија и Грција се најблиску до решение
Заев и Ципрас треба да потпишат договор со кој ќе се стави крај на спорот за името
Со него ќе се одреди опсегот, временската рамка и динамиката за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ
Во септември 1995 министрите Каролос Папуљас и Стево Црвенковски ја потпишаа времената спогодба
Грција го призна постоењето на Македонија како независна и суверена држава под привремената референца ПЈРМ
Македонија гарантираше дека нема територијални претензии
Нема да се меша во внатрешните работи на Грција околу правата на малцинствата
Грција се обврза дека нема да го попречува зачленувањето на Македонија во меѓународни организации
Сепак, на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 добивме блокада за влез во Алијансата
Ниту пресудата на судот во Хаг не беше причина Грција да ја смени одлуката
Со тоа спогодбата небаре стана парче хартија што само Македонија го почитуваше

23 години по времената спогодба Македонија и Грција се најблиску до решение.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.