КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

ВРАБОТУВАМЕ НОВИНАРИ

За Види Вака

Види Вака осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории основани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство. Ние сме современ медиум кој им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродостојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.

Веќе шест години сме посветени на раскажување на приказни што вредат. Создаваме приказни кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ги раскажуваме приказните на луѓето кои се невидливи за институциите, на поединците кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат. Се водиме од мислата дека за вистински да имаш право на слободно мислење и изразување треба да имаш и можност да бидеш слушнат.

Нашиот медиум расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес како би направиле промена во општеството. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. Отворени сме за кандидати кои се креативни и ориентирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и визуелни раскажувачи на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од медиум кој е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

За работната позиција

Во потрага сме по агилна и динамична личност, со новинарско искуство и одлични технички и дигитални вештини, која заедно со сегашниот тим на Види Вака ќе го унапреди квалитетот на медиумот и од содржински аспект и од аспект на имплементација на најсовремените дигитални формати. Новинарот создава  квалитетна содржина за дигиталните канали (веб-страница, социјални мрежи), која ќе ги следи највисоките новинарски стандарди и најновите стандарди за дигитално раскажување. Дава предлози за содржина, го надгледува процесот и исходот, давајќи континуирани насоки за подобрување. Ја проверува и уредува сопствената содржината и дава активен фидбек на колегите за другите содржини. Самиот активно учествува во креирање содржини, додавајќи на квалитет на тимот.  Има познавање од мултимедијално раскажување, визуелно раскажување, а познавање од податочно новинарство и/или креирање содржина за нови социјални мрежи како ТикТок ќе се смета за предност. Одржува редовни состаноци со тимот, носи заклучоци и работи на подобрување на сопствените содржини базирани на конкретни податоци. За својата работа и одговара на уредничката на медиумот .

Потребно е да ги има следните искуства и вештини

Искуство од најмалку 3 години во новинарството
Искуство од најмалку 2 години во работа со дигитални медиуми
Познавања на сите форми на дигитално и мултимедијално раскажување
Познавање на раскажување со помош на податоци (data storytelling) ќе се смета за предност
Познавање како се креира содржина за новите социјални мрежи како ТикТок ќе се смета за предност
Одлично познавање на новинарските и генералните дигитални трендови
Одлично познавање на сите дигитални канали и социјални мрежи
Одлично познавање на дигитални алатки кои се користат во новинарството и генерално за креирање содржина
Искуство во дигитална аналитика и носење одлуки на база на податоци Познавање на основите процеси на видео-едитирање и креирање дигитални содржини

Потребно е да ги има следниве лични карактеристики

Самоиницијативност
Одговорност
Желба за професионален развој

Што нудиме

Добра работна средина
Добра финансиска компезација
Приватно здравствено осигурување
Можност за професионална надоградба на обуки и преку материјали по сопствен избор на трошок на медиумот
Можност за посета на обуки и конференции во странство
Можност за пренесување на своето знаење преку обуки кои ги организира фондацијата ИДЕА ЈИЕ која стои зад медиумот

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се вреднува.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чувство на задоволство.

Како да аплицираш 

Пополни ја следнава форма и испрати ни ја твојата кратка биографија.

 

 

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.