Холандска амбасада: Мој воздух

„Идејата на „Мој воздух“ беше да се подигне свеста кај граѓаните дека не само тоа што е загадено надвор туку е енормно загадено. Целата идеја беше да се поттикне не само да се информирани туку и да преземат акција, почнувајќи од себе, а понатаму и од властите да се подобри квалитетот на воздухот.

Горјан Јовановски со апликацијата „Мој воздух“ ги мобилизираше граѓаните на поголема акција против загадувањето во Македонија

МојВоздух достигна 100.000 преземања за Android & iOS, и 200.000 корисници на веб верзијата

Јас сум студент , којшто имам студирано во Холандија и преку тој пат стапив во контакт со холандската амбасада и тие навистина излегоа во пресрет помагајќи и финансиски и логистички на „Мој воздух“ како проект, да се развие понатаму и да опфати што е можно повеќе граѓани.

Мислам дека холандската амбасада е прекрасен партнер, од аспект дека Холандија како земја се залага многу за животната средина, вклучувајќи велосипеди и ветерници и на истиот начин функционира и холандската амбасада во Македонија каде што помагаат, се обидуваат да помогнат во проекти коишто се залагаат за животната средина, да се подобри светот во кој живееме тука.

Холандска амбасада: Мој воздух

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.