Волонтер д-р Марија Анастасова

Дерматовенерологот Марија Анастасова е дел од службата за итна медицинска помош

Сепак, секој четврток волонтира во младинскиот центар „Сакам да знам“ во населбата Шуто Оризари

Сведочи дека жителите на оваа населба имаат развиена здравствена култура и навика да посетуваат лекар

ИЗЈАВА
Општина Шуто Оризари има веќе изградено некоја здравствена култура, за разлика од порано. Дури општината може да се пофали со колективно изграден имунитет, во однос на другите општини, ако споредуваме. Еве, сега со морбилите, сите сме сведоци дека овде немаше таков проблем. Значи, дека здравствената култура е на многу високо ниво. Што е резултат секако на работењето на нас како здравствени работници. Д-р Марија Анастасова (спец. дерматовенеролог)

Анастасова шест години соработува со ХЕРА

Дерматовенеролошката амбуланта е отворена за здравствените услуги кои им се потребни на Ромите во оваа населба

Центарот се грижи за пациентите што имаат проблеми со кожата од областа на дерматологијата и венерологијата

Услугите се бесплатни и анонимни, а тоа е причина за довербата што пациентите ја имаат во докторката

ИЗЈАВА
„Јас тука се чувствувам како, можам слободно да кажам, нивни матичен дерматовенеролог. Веќе неколку години ги знам сите генерации во едно семејство, затоа што доаѓаат од најстариот до најмалиот. Дискрецијата е загарантирана, лекувањето е успешно. Заедно сме изградиле некој посебен однос, што мене лично ме прави многу среќна.“ Д-р Марија Анастасова (спец. дерматовенеролог)

Волонтер д-р Марија Анастасова

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.