Фотографии, музика, кратки филмови, постери, аудио-визуелни содржини.
Под мотото „Сликни. Сними. Сподели.“ и преку овие активности Voice Up заедницата реагира на општественото опкружување.
– Ги поттикнуваме младите да создаваат содржини преку кои ќе одекне нивниот глас, став, мислење и идеја за сите прашања кои ги засегаат нив и нивното опкружување – Voice Up.
Средби за пренос на знаења се одржани со младите во Битола, Свети Николе, Скопје, Гостивар и Куманово.
На 25ти април, веб платформата Voiceup.mk ќе биде промовирана пред пошироката јавност.
Add comment