ВМРО-ДПМНЕ во сабота на масовен простест ќе бара оставка од Заев и предвремени избори

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ бара заминување на Владата на Заев и предвремени избори
Сметаат дека за 365 дена колку што владеат направиле исто толку грешки
Нема минимална плата од 500 евра, нема БДП од 5%, ниту поврат на ДДВ, но има зголемена акциза за нафта
ИЗЈАВА: „Се она што во предизборието го ветија, остана само на декларативна заложба и оттука оправдано станува збор за една ЌЕ Влада која нема ништо реализирано, само продолжува да ветува дека нешто во иднина би исполнила, а сите знаеме дека не е така. ( од видео 1.10 -1.27) Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Опозиционерите сметаат дека Заев најголема вина ќе има за распродажба на државните интереси
ИЗЈАВА: Почнувајќи од непринципиелните ставови кои ги имаат во преговорите со името и егзибиционистичкиот начин на преговори кои го водат притоа наштетувајќи и на Македонија и на нејзините грѓани. Преку судството кое е тотално партизирано и под контрола на СДСМ и на Заев, преку картелскиот начин на водење на бизнисот и склучување на договори во четири очи и местење на тендери(второ видео- 00.37- 1.12) Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува на протест сите политички субјекти кои се незадоволни од Владата
ИЗЈАВА: Нашата реакција ќе биде 2 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, преку еден голем сенароден протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ каде што ќе го искажеме нашето незадоволство и ќе пратиме порака дека е редно време оваа Влада да замине во историјата ( од видео 1.34- 1.53) Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ во сабота на масовен простест ќе бара оставка од Заев и предвремени избори

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.