Влатко Стефановски и Скопје Синема Сити

„На еден концерт во Загреб, 78-ма година, Леб и сол на тој плакат е напишано со огромни букви, а со многу мали се напишани тогашните, млади бендови како: Прљаво казалиште, Азра, Панкрти, Параф и така натаму. Значи, некојпат кога ќе падне муабет за тоа „who is who in the music business (кој е кој во музичкиот бизнис)“, само им го покажувам.“ Влатко Стефановски (музичар)
Со изложба на деведесет плакати се прикажа четири децениското музичко патешетвие на Влатко Стефановски
Низ годините преку плакатите може да се види дека освен својата музика, Стефановски ја промовира и македонската култура и држава
„Можеби ќе беше претенциозно пред 20 години да ја направам оваа изложба, а можеби и не. Ама сега дојдено е времето. Зад себе имам огромен опус, огромна збирки на меморијабилија и на архива, ред е човек да сподели нешто со јавноста. “ Влатко Стефановски (музичар)
Со изложбата се отвори петтото издание на фестивалот на музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“
Годинава ќе може да се погледнат приказните на Кит Ричардс, Роберт Џонсон, Ерик Клептон, Краутрок, Марк Рибо, Ник Дрејк, Квин и Ју-Ту
„Ова се интересни животни приказни за луѓе, ние не прикажуваме прирачните за инструменти или тешки некои биографии. Ние прикажуваме интересни животни приказни за интересни протагонисти кои ги обогатиле нешите животи, нели? На некој начин и Влатко го има тоа обележано.“ Ненад Георгиевски (директор на „Скопје Синема Сити“)
Богатата филмско – гитаристичка програма на „Скопје Синема Сити“ ќе трае до 7-ми септември

Влатко Стефановски и Скопје Синема Сити

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.