Интервју - Венко Филипче

Не треба разликите да ги потенцираме. Во развиениот свет, па и јас лично, престојувајќи во многу светски медицински центри, сум работел и сум функционирал со луѓе, колеги, од многу земји, многу националности, многу раси, многу континенти. Секогаш сме зборувале со јазикот на струката и тоа сите не правело и посилни и постручни и поспремни. Сметам дека тој систем треба да го имплементираме на секое ниво, во секој сектор во нашата држава.

Ромите сè уште се соочуваат со пречки во пристапот до основни здравствени услуги. Во 12 општини идентификувани се над 590 лица без документи, од кои најголемиот дел се Роми. За правно невидливите лица, најголем проблем е пристапот до здравствена заштита.

Ние имавме неколку координативни состаноци, има и координатор кој ја супервизира и на некој начин ја координира работата на ромските медијатори. Во првиот момент кога ќе се реши проблемот за обезбедување на матичен број, лични карти и така натаму, за овој огромен број на луѓе кои ги спомнавте. Ние сме спремни да направиме посебна програма, којашто ќе обезбеди здравствено осигурување за истите тие лица.

Во 2010 година, Министерството за здравство во соработка со граѓанскиот сектор започна со имплементација на проектот „Ромски здравствени медијатори“, кој има за цел да ги надмине бариерите во комуникацијата меѓу ромската популација и здравствените работници.

ИЗЈАВА – DSC_3487 (тајм код:3.28 – 3.41 да се спои со 3.50 – 4.17 )
Непосредно после изборите ќе ја започнеме постапката на нивно редовно вработување, односно, вработувањето да не биде на договор на дело како што беше досега, веќе со години. Туку да бидат вработени на неопределено.
Тие ромски медијатори се на терен, во здравствените домови. Излегуваат први во пресрет, кога ќе дојдат луѓе коишто имаат од икс причини бариера, дали јазична или пак по некоја друга основа, навистина дискриминација. Им помагаат да ги спроведат низ здравствените институции, да им помогнат соодветно да ја добијат здравствената услуга којашто им треба. Но, има и една дополнителна активност којашто ја извршуваат, а тоа е да се присутни на терен.

Во минатото имунизацијата кај ромските деца беше на ниско ниво, но изминативе години таа слика се промени. Во општините каде што преовладува ромското население над 95% од децата се вакцинирани.

Сметам дека огромна заслуга за ова имаат и ромските медијатори. Токму тие се на терен, помеѓу населението. На некој начин вршат и директна промоција на бенефитите од вакцинацијата и тоа е нешто што со години наназад се спроведува.
Ќе се обидеме да ја направиме целокупниот процес на соработка со сите ромски медијатори, што поинклузивен. Но, во исто време да научиме нешто од нив, таков начин на спроведување на кампања помеѓу населението, спроведеме во други области и кон други целни групи.

Квалитетот на здравствени услуги кај една од најмаргинализирани групи на граѓани – Ромите, треба да биде дел од системското решение за правата на пациентите.

Сметам дека постојат модели коишто можат значајно да им го олеснат пристапот, не само на маргинализираните групи на граѓани, туку и генерално.
Целиот свет се ориентира кон потенцирање на улогата на примарниот лекар. Нешто што ние заедно со Светската здравствена организација го разработуваме како модел и во следниот период, после потребните законски измени кои треба да ги направиме за да се зголемат ингеренциите на лекарите кои работат на болничко ниво, таа услуга им ја приближиме на сите граѓани. Без разлика каде живеат дали во градски, дали во селски-рурални средини, во блиски регионални центри или болници или таму каде што навистина имаме сериозен недостаток

Интервју – Венко Филипче

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.