Вања Лазарова

„Параходот ми пристигна, збогум мила подај рака. Не плачи мило либе, не жали, јас пак ќе се вратам.“
Една година од заминувањето на доајенот на македонската народна музика – Вања Лазарова
Талентот на Лазарова испливал уште од најраната возраст

Првиот успех којшто го постигнав во Белград на фестивал, а тогаш бев ученичка во учителска школа, ме земаа да пеам на тој фестивал и кога отидовме ја добив првата југословенска награда, со песната „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, Вања Лазарова (пејачка)
По завршувањето на учителското училиште, станала играорка во „Танец“, а извесно време работела во Операта при МНТ

Дуде, бело дуде. Кој мали си дуде. Сама ли си? – Ејј Коштано, жива рано, Вања Лазарова и Петре Прличко (*Дел од претставата Коштана заедно со Петре Прличко)
Лазарова е првата македонска пејачка која снимила плочи за издавачките куќи Полиграм и Филипс
Настапила во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и Винстон Черчил
Значаен е нејзиниот придонес за музиката на филмот „Пред дождот” на Манчевски кој доби Златен лав

Во 2014 јавноста дозна дека врвната пејачка живее заборавена од институциите
Преку онлајн петиција доби нациционална пензија од Министерството за култура
Во 2015 промовиран е документарниот филм „Со маки сум се родила“
Вања остана да биде на пиедесталот како интерпретатор со неповторлив музички израз

„Со маки сум се родила, со жалости јас ќе си умрам. Маките да ми ги напишете одозгора на гробот мој.“, Вања Лазарова (пејачка)

Вања Лазарова

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.