Вакцини

Само вакцинирани деца ќе може да се запишат на училиште
Ставот на министерот за здравство Венко Филипче го потврди и Владата
Училиштата ќе ги примат пријавите за сите деца, но нема да ги запишат додека не поднесат документ за вакцинација
“Нема да отстапиме да се примаат само вакцинирани деца. Тоа е единствен начин, прво да се стави крај на оваа епидемија, меѓутоа и во иднина да не ни се случуваат вакви ситуации“. Венко Филипче, министер за здравство.
Казни ќе следат за родителите за невакцинација на децата, но и за незапишување на училиште
Исклучок ќе бидат само децата за кои постои медицинска контраиндикација да ги примат вакцините
Оваа одлука предизвика револт кај антиваксерите
Од почетокот на епидемијата, вакцинирани се 24.023 деца на возраст до 14 години со вакцината МРП
Во Скопје бројот на вакцинирани деца изнесува 13.684 од вкупно 16.361 невакцинирани

Вакцини

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.