Вакцинација кај Роми

Во скопската населба Шуто Оризари, статистички гледано, има најмал процент на противници на вакцинацијата и најмал процент на заболени од морбили

Ромите од населбата редовно ги носат своите деца на вакцинација и оваа општина има најголем опфат на вакцинација

Д-р Снежана Зоксимовска во Поликлиника Шуто Оризари за 3 децении има вакцинирано над 100.000 деца

Децата што ги вакцинирала пред децении сега ги носат внуците кај неа на имунизација

ИЗЈАВА – DSC_2490 (тајм код: 0.38 – 1.07)

Многу е големо задоволството кога ќе ти дојде родител со дете или баба со дете, внуче и кога ќе им каже „Ејј внуче мое, оваа докторка и мене ме вакцинираше“. Исто и родителите. Луѓето имаат доверба зошто сум ги вакцинирала и родителите и бабите и дедовците. Тоа е резултатот на овие 30 години, што луѓето те препознаваат на улица, те сакаат. Снежана Зоксимовска (доктор во Поликлиника Шуто Оризари)

Од над 50 заболени во епидемијата на морбили во Скопје, во оваа општина, има само еден случај, седуммесечно бебе

Извор: Поликлиника Шуто Оризари

Вакцината за морбили ја имаат примено 97% од децата во Шуто Оризари на возраст од 12 месеци

Извор: Здружение ЕСЕ, податоците за опфатот за вакцините прибрани за 2017

ИЗЈАВА – DSC_2490 (тајм код: 2.19 – 2.55)

Ние, често се случуваше порано и сега да одиме на терен, од куќа во куќа. Да наоѓаме невакцинирани деца. Се служиме со сите возможни методи. Значи, невладини ни помагаат, медиуми ни помагаат, пишуваме покани, комшиите ни помагаат да не известат дека има некое дете што е вратено од странство, што не е вакцинирано. Значи, тој резултат што го имаме со здружени сили, на тимот и на населението. Со коешто се гордеам! Снежана Зоксимовска (доктор во Поликлиника Шуто Оризари)

Над 71 % од заболените во епидемијата на морбили во Скопје се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус

Вакцинација кај Роми

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.