Улични кучиња

Уличните кучиња се голем проблем за луѓето кои се плашат и милиони луѓе имаат фобија од овие животни

Професионалниот дресер Ристе Гиовски вели дека тие нема да нападнат ако не се почувствуваат загрозени

„Ние несвесно, кога сме во страв, кога се плашиме, испуштаме карактеристичен мирис кој ние не го осеќаме, движењата ни се подруги, значи нагли. Потребно е колку е можно, човекот да биде посталожен. Недозволливо е да бегаме, може да клекнеме и притоа да буричнеме во ташната или во некоја кеса како пример дека ќе извадиме некое парче, некое оброче, мевце или лебче.“

На кучињата им се приоѓа со отворена задна страна од дланката, доволно да ве помирисаат

„Не мора ни да пуштаме рака, доволно е да не помирисаат и да си поминеме. Ако го правиме тој ритуал секојдневно, бидејќи ние имаме иста рута на движење, ќе нема опасност од уличните кучиња. Еден апел до граѓаните да вдомуваат кучиња од улица, немеsто да купуваат од скапи одгледувачници, да даваат стотици евра. Значи да го отфрлиме тоа помодарство, да почнеме да земаме кучиња од улица кои ќе ни ја пружат истата љубов како и оние кучиња што сме ги купилe за пари.

Улични кучиња

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.