Укажувачи

Укажувачите се лица кои дејствуваат во заштита на јавниот интерес посочувајќи случаи на корупција или злоупотреба на моќ
Важноста на укажувачите се увиде преку случајот со Ѓорги Лазаревски и Ѕвонко Костовски, вработени во МВР кои обелоденија за масовното прислушкување
Со медијација на ЕУ тоа доведе до донесување на Закон за укажувачи во 2016 година, како дел од Пржинските закони
До оваа пролет практично законот , иако на хартија, во реалноста не функционираше
Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државна комисија за спречување корупција
(Видео број 938, тајм код)
„Од март 2016 е на сила законот за заштита на укажувачите, истиот не профункционира се додека, како што ние констатираме, не профункционира новиот состав на ДКСК. Во повеќе прилики тоа го идентификувам со крајна недоверба на граѓаните во сите институции“
Од април годинава ситуацијата е променета и Антикорупциска во моментов води 11 постапки посочени од укажувачи
ДКСК е второто скалило за заштитено пријавување на загрозување на јавниот интерес
Укажувачот пријавува во ДКСК ако не функционира внатрешно пријавување во институцијата од каде доаѓа
Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државна комисија за спречување корупција
„Институциите не си ја извршиле својата обврска како што треба сите тие се обврзани да воспостават канали за внатрешно пријавување. Информациите и податоците со кои располагаме ние се оскудни иако институциите се обврзни да ги достават информациите за овластените лица до нашата институција. Многу се скудни, значи во промили се бројат институциите кои ја завршиле таа своја обврска“
Заштитата на идентитетот и позицијата на укажувачите е клучна тие да се охрабрат да пријават
По препорака на Венецијанската комисија, Законот лани беше подобрен токму во делот на заштитата
Европската комисија смета дека дополнително Законот треба да се усогласи со новата Директива на ЕУ за укажувачите
Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државна комисија за спречување корупција
„Читајќи ја содржината на Директивата, нашиот закон, можам слободно да дадам оценка, дека е дури 90% во согласност со она што Директивата го препорачува. Има сегменти, има детали кои што ќе треба да ги усогласиме со Директивата. Јас сметам дека дури за нас е добро што доаѓа оваа Директива и ни дава шанса, ако го отвораме Законот за интервенција заради усогласување, да ги дадеме и нашите искуства од досегашната примена“.—2.03
Законот за укажувачи е позитивна идеја за заштита на јавниот интерес
Потребна е проактивност на институциите во неговата примена

Укажувачи

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.