ТВ-дуелот на главните политички кандидати е дел од политичката култура во многу земји

ТВ-дуелот на главните политички кандидати е дел од политичката култура во многу земји.
Трамп и Клинтон во САД имаа три ТВ-дуели на последните избори.
За многумина пресудно, за да го дадат својот глас, е кој кандидат бил подобар на дуелот.
Гласачите во Македонија со години немаат таква можност.
Уште се паметат жестоките дуели помеѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски од 1998 година. Од тогаш нема вистински соочувања меѓу главните кандидати.
Никола Груевски е премиер од 2006 година. Ниту еднаш не се појавил на ТВ-дуел.
Ниту на престојните избори главните политички актери од македонскиот и од албанскиот блок не се соочиле. Опозицијата бара дуели, власта ги избегнува.

ТВ-дуелот на главните политички кандидати е дел од политичката култура во многу земји

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.