Австриската министерка Карин Кнајсел за првото службено патување потроши само 10 евра
До Словачка министерката патувала со воз
За македонските државни функционери возењето со воз, автобус или велосипед е само за пред камери
Некои дури ја злоупотребуваат одредбата за плаќање на 30% од цената на горивото за секој изминат километар со свое возило
Обвинувањата за ненаменско трошење станаа секојдневие
Ревизијата неодамна откри скандал и во Државната комисија за спречување корупција- институција која треба да се бори против вакви појави
Откриени се фалсификувани патни налози и лажни трошоци за изнајмување станови
Членови на ДИК си поднесоа оставки откако се откри дека си делеле екстра бонуси
И пратениците се офајдиле- од март до ноември 2017 за патни трошоци добиле вкупно 450.000 евра
Владата планира да ги намали трошоците со автомобили или изнајмување станови за пратениците
Add comment