Тони Китановски

Тони Китановски 30 години е дел од современата македонска и светска џез сцена

Како студент на Беркли ја освоил наградата „Чарлс Мингус“ за извонредни достигнувања во западната музичка традиција

Учел од престижни професори, но најголемо влијание му оставил џез гуруто Драган Ѓаконовски Шпато

Од кога знам за себе, како музичар, сѐ што работам , со се ова вечерва, барем половина е Шпато. Тој ми беше најзначаен учител. Инаку, ги имав најдобрите учители во Америка, меѓутоа Шпато е посебно нешто. Така што, секогаш се обидувам да му се оддолжам барем малку колку можам со професионализам.

Китановски себеси се смета за композитор кој свири гитара, а џезот го дефинира како „музика на човековиот род“

Со својот талент настапува низ светот, пишува музика за филм, современ танц, за симфониски и големи џез оркестри

Трите децении творештво ги одбележа на Скопскиот џез фестивал со квинтетот „Панда 5“ и пријатели од светот

Некој да ми кажеше пред 3 години дека ќе имам ваков состав со Македонци, а кога свирам со нив се чувствувам како да свирам со Американци. Ќе му речев „чекај рано е тоа, може следниот век“. Така што, многу брзо се створи една млада вистинска музичка елита, џез музичари.

Тони Китановски

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.