Прекршување на правото на здравствена заштита кај Роми

Пцости, а некогаш и ќотек добиваат Роми кога бараат здравствена заштита во земјава

Пред 3 години седумгодишниот Един доби шлаканици од здравствен работник во Штип

Случајот беше објавен и во регионални медиуми, а пред судските органи го водеше адвокатот Аксел Ахмедовски

Според нивното образложение, тоа било дозволен начин на дејствување во конкретен случај за да биде детето смирено, за да бидат преземени медицински мерки, односно, третман. За жал, не наидовме на добро разбирање од страна на Јавното обвинителство, коешто не најде дека постојат во конкретниот случај на елементи на дело коешто се гони по службена должност. Поднесена е жалба до вишото обвинителство и за жал е потврдено е првостепеното решение на основното јавно обвинителство. И сега предметот мислам дека е даден во судот во Стразбур. Аксел Ахмедовски (адвокат)

За случајот имало и кривична и граѓанска постапка за повреда на право на пациент, но пријавите биле отфрлени од обвинителството и од Основниот суд во Штип
Случајот, и покрај најавите, не стигнал пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Ова се само некои од примерите на дискриминација на Ромите во здравството кои според сите анализи и понатаму се чести

Ова се само дел од повредите на правата од здравствена заштита со кои се соочуваат Ромите

повреда на правото на совесно лекување
правото на укажување соодветна медицинска услуга
правото на еднаков третман при давање здравствени услуги
повреда на правото на приватност и достоинство

Па јас, морам да ви кажам дека имав некои лични искуства како тинејџер и како во време на студентските денови, од некои здравствени работници наидов на недобар прием. Тука се чувствува и дискриминацијата и повредата на правата. Меѓутоа, во последниве неколку години зборувам посебно за Делчево, Берово и Пехчево, овие ситуации се надминати. Аксел Ахмедовски (адвокат)

Прекршување на правото на здравствена заштита кај Роми

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.