Веб приказни

ТАТКОВИНА НА КНИГАТА

ТАТКОВИНА НА КНИГАТА

Библиотека во с. Бабино, Демир Хисар е најстарата библиотека во Македонија. Таа содржи над 20.000 дела, меѓу кои и има книги стари и по неколку стотици години. Библиотеката е основана 1882 години.

Основачот, Дедо Јован, инаку далечен роднина на еден од сегашните управители со библиотеката, во османлиско време наместо со пари бил плаќан со книги за својата работа. На тој начин била основана и библиотеката пред 139 години.

Во библиотеката се наоѓаат примерок од Крушевскиот манифест, првото издание на Правописот на македонскиот јазик, Куран стар повеќе од 300 години и првото издание на првиот роман на македонски јазик.

Покрај библиотеката, во истиот објект работи и етнолошки музеј со различни историски знаменитости