Сунаи Сабриоски

Новинарот Сунаи Сабриоски има колекција од 85 шапки преку кои се идентификува.
-Моментот кога шеширот не е на мене, како да е сосема друга личност, како да не сум јас – Сунаи Сабриоски, новинар
Инспирацијата ја црпи од филмовите и книгите.
Најголемата инспирација доаѓа од големите актерски имиња Ален Делон, Жан Пол Белмондо, потоа фасцинантниот Поаро на Агата Кристи, Карл Лагерфилд, Александар Меквин, Џон Галијано, кои го правеле сето она како треба да изгледа eдна машка силуета така да сум го прифатил нивниот свет за да се пронајдам себеси во сопствениот и да формирам таков стил кој е засебен за мене – Сунаи Сабриоски, новинар.
Пасијата на Сунаи кон шеширите е врзана за желбата да студира моден дизајн.
Се пронашол во новинарството, свет во кој има реакции на неговиот стил
– Често се случува кога сум прв на настан да ме прифатат како странец како личност која случајно се нашла на тој настан често знаат да ми се обратат на некој друг јазик англиски, француски, италијански, со помислата дека доаѓа личност која не е од новинарската фела – Сунаи Сабриоски.
Тој вели дека живеме во општество кое наметнува норма како треба да се изгледа.
Сунаи нема намера да се откаже од својот стил.

Сунаи Сабриоски

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.