Судски совет под лупа

Судскиот совет на Република Северна Македонија има важна улога во обезбедувањето на владеењето на правото
Воспоставен е со закон како самостоен и независен орган со цел да се обезбеди и гарантира независноста на судството првенствено преку избор и следење на работата на судиите
Во голем број меѓународни извештаи изнесени се сериозни критики за независноста на судството и необезбедување на владеење на правото
Институтот за човекови права ја следи работата на Судскиот совет уште од 2012 година
Институтот објавува бриф извештаи за секоја седница на Судскиот совет преку мобилната апликација „Судски совет под лупа“
Aпликацијата е уникатна алатка за полесен пристап до информациите добиени од мониторингот на работата на Судскиот совет
Преку неа се објавуваат важни информации од мониторингот и поврзани документи и законски измени кои се однесуваат на работата Советот ранспарентен, отчетен и ефикасен Судски совет е предуслов во креирањето на независен и ефикасен правосуден систем во кој граѓаните ќе имаат доверба

Судски совет под лупа

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.