Само 4 фирми инвестирале и вработиле онолку колку што ветиле

Последнава декада се најавени 138 странски инвестиции, а реализирани 51.

Ова го покажа шестмесечното истражување на БИРН „Странски инвестиции под лупа“.

Таков е односот и кај вработувањата – најавени 62.701, а вработени околу 20.246.

Oстварени се седум пати помалку од најавените 3,79 милијарди евра, односно 579,64 милиони.

Само 4 фирми инвестирале и вработиле онолку колку што ветиле.

Има и такви што отвориле фабрики па се откажале. Како на пример, Вистеон и Продис.

44 инвестиции се во тек, најголемиот дел од нив се најавени последните две години и нивниот исход не може да се предвиди.

43 се нереализирани. Властите се уште не ја информираат јавноста дека пропаднале.

26 странските компании добиле државна помош, меѓутоа сумите остануваат енигма.

Странските инвестиции беа најголемото ветување на поранешниот премиер, сега мандатар Никола Груевски.

Само 4 фирми инвестирале и вработиле онолку колку што ветиле

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.