Стебла

Повеќе од 400 дрвја во Скопје се осудени на смрт бидејќи стеблата им се зацементирани

Локациите на дрвјата се мапирани на карта изработена од Шумарскиот факултет од Скопје

„Во рамките на дипломска работа со мој студент имаме досега регистрирано минимум 400 стебла кои што се или во непосреден контакт или набргу ќе бидат во непосреден контакт, на кои што им е преку потребно интервенција за да преживеат.

Поради енормната загаденост секое дрво значи почист воздух во Скопје

„Сите дрвја кои што ги имаме регистрирано се сѐ уште живи, некои од нив се во лоша здравствена состојба, меѓутоа при интервенција, брза, ќе преживеат, така да треба итно да се реагира.”

На дрвото му треба простор за раст за да може да живее и да се развива

„Освен што расте во височина, дрвото расте и во широчина, односно во дебелина. И доколку е претесно засадено, заправо простор не му е оставен за раст, наскоро ќе дојде во контакт со цврсти материјали и ќе прерастува, извесно време ќе се бори. Значи кората ќе дојде во контакт, камбиумот ќе додава нови и нови слоеви, меѓутоа осудено е на сушење.”

Окованите стебла имаат од една до неколку години живот

„Меѓутоа, дури и да е пет години живот тоа е премалку, бидејќи стеблата знаете се многувечни, 100- 200 годишни. Нека е и во урбаната средина, дури и каде што условите се многу лоши, тие ќе преживеат. Доколку немаат вакви проблеми.“

Стебла

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.